23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Лажен е наводниот нов концепт на ВМРО-ДПМНЕ, затоа ги очекува нов пораз од граѓаните

Соопштение на СДСМ

„Лажни и провидни се наводните нови политики, наводниот нов концепт на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се оправи ни самата, а не пак да нуди нов концепт за сите луѓе со оглед на тоа дека нема намера да се извини ниту пак да расчисти со мрачното минато. За да понуди некаква промена Христијан Мицкоски прво мора да се промени себе си, а тоа значи прво да раскрсти со Груевски. Но, такво нешто нема на повидок.

Мицкоски докажан бранител на криминалот и непресушен извор на лажни вести повторно прави обиди да ги измами граѓаните со лажен наратив.

Таканаречениот нов концепт Мицкоски може да го нуди само ако го напушти Белиот дворец, најлуксузното и најскапо партиско седиште во Европа. Ако престане да брани лица осудени за тероризам, ако почне искрено и со дела да ги почитува другите етнички заедници и да застане на страната на граѓаните, наместо да биде на страната на криминалците.

Мицкоски мора и да се извини за криминалот со кој режимот 11 години ја пустошеше државата и граѓаните и барем еднаш да каже дали навистина е за ЕУ и НАТО или одработува други антизападни агенди.

Без сето ова, нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски може само да очекува нов пораз на претстојните локални избори.

Граѓаните бараат и заслужуваат политички натпревар со идеи кои ќе го подобрат животот. Затоа СДСМ е препознаена како одговорна и државотворна партија, партија со која напредокот е загарантиран“

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T