17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмината поранешни припадници на единицата „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата за случајот „Тортура“, но наместо пресуда, судијката истакна дека е неопходно предметот повторно да се преотвори.

„Едногласно одлучивме дека е неопходно и целисходно постапката да се преотвори“, истакна судијката Александра Ристоска, на изненадување на присутната јавност.

Таа додаде дека во целост не е јасно кој од обвинетите какво дело презел и со колкав интензитет и обем го презел, поради што неопходно било повторно отворање на постапката, поради што закажа рочиште за 8 јули.

Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ беа бвинети за мачење и тортура при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година.

Денешната пресуда требаше да е четврта по ред за Мијалков. Тој е осуден за случајот „Таргет-Тврдина“ на 12 години затвор, а за „Трезор“ е осуден на осум години затвор.

Мијалков во 2019 година беше осуден на три години затвор и во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, но Апелација го врати судењето на почеток поради суштински повреди во постапката.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК