„За прв пат Македонија има Влада која што има среднорочен план, кога зборуваме за управување со јавните финансии. Не проектираме година за година туку пред некој ден помина Стратегијата за управување со јавните финансии, во која што се проектира за идните пет години, со предвидувања за 2026“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „Вин-вин“ на Телма ТВ.
„Дополнително, за две недели најкасно, ќе најавиме почеток на операцијата наречена – национална развојна стратегија – за наредните 20 години 2021 – 2041, се со цел на нашите граѓани им дадеме предвидливост т.е им овозможиме да заеднички ја развиеме нашата заедничка иднина“ потенцираше Битиќи.
Тој додаде дека долги години бил од спритивната страна и секогаш зборувал дека на оваа држава ѝ треба визија и дека се потребни политичари, кои независно на нивниот рејтинг, ќе се нафатат да зборуваат за долгорочната визија.
„Еве оваа Влада рече дека тоа ќе го направи и со управувањето на јавните финансии тоа го правиме. Тоа го правиме заедно со сите и истомисленици и неистомисленици“ кажа Битиќи.