14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Битиќи: По 20 години за прв пат имаме Влада која зголемува капитални инвестиции со ребаланс на Буџет

„После најмалку 20 години во земјава се прави ребаланс на Буџет, со кој што наспроти намалување на капиталните инвестиции, ние имаме зголемување за повеќе од 27 проценти“ кажа вицепремиерот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи во гостувањето на емисијата „Вин-вин“ на Телма ТВ.

За обвинувањата на опозицијата дека ребалансот на буџетот е поради престојните избори, како обид за поткуп на гласачи Битиќи одговори дека како некоја влада која што сака да поткпуи гласачи зголемува капитални инвестиции за скоро 100 милиони евра.

Вицепремиерот објасни дека ребалансот на Буџетот е поради последиците од четвртиот бран на пандемијата, кој остави последици во светски рамки.

„Сакав да ги проверам бројките, дали падот на БДП кој се случи кај нас во првото пологодие од годината се случува насекаде. Само во осум земји на ЕУ, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан немало пад или било нешто над нулата. Во сите други земји има пад, кој некаде е дури и 3 пати повеќе од Македонија“ кажа Битиќи.

Како што кажа тој, токму поради тоа се следи ситуацијата и се прави и ребалансот за да се одржи економијата и да се даде буст.

„Ние сме единствената земја на Западен Балкан која што има низа економски мерки во целото времетраење на пандемијата. Како одговор на економските последици на пандемијата даваме економски мерки за справување и дополнително креиравме мерки кои понатаму ќе помогнат во опоравувањето“ кажа Битиќи.