Илјадници туристи ова лето се очекуваат во Преспа, а бројката на туристи за време на сончевите викенди на огромните песочни плажи покрај Преспанското Езеро секојдневно се зголемува.
Една од причините за тоа, покрај преубавите плажи и природата која е уникатна и карактеристична за овој регион, се и ниските цени.
Ноќевање за едно лице може да ве чини од 600 до 1000 денари, додека пак цените за пијалоците и храната се навистина достапни за сите.
Едно еспресо чини 40 денари, макијато големо околу 50 денари, Кока Кола 60 денари, Пиво Скопско 70 денари за 0,33 л, додека тоа од 0,5 л може да се пие за 80 денари.
Хамбургер може да ве чини 90-100 денари, ловечка околу 160 денари, додека пак средна пица околу 200 денари.
Преспанските плажи се одлично уредени и се огромни, а со тоа и може да се оддржи потребната дистанца поради коронавирусот. Песочните плажи се во Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени, Отешево и Стење каде што има и добри ресторани, кафе барови и сместувачки капацитети.
Слични цени има и во градот, каде навечер се полнат рестораните и кафе баровите.
Во Преспа сите локали најстрого ги почитуваат здравствените мерки за борба против коронавирусот.
Погледнете едно од видеата кои минатата година беа објавени на интернет просторот: