25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Португалскиот министер за надворешни работи и комесарот Вархеи во посета на Бугарија и Северна Македонија

Португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, во името на Претседателството со Советот на Европската Унија, и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи, на 21 мај ќе ги посетат Бугарија и Северна Македонија за да разговараат со властите на двете земји на теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ.

Претпладнето во Софија, тие ќе се сретнат со претседателот Румен Радев, како и со премиерот и со министерот за надворешни работи во новата влада, а попладнето во Скопје со претседателот Стево Пендаровски, како и со премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на владата и со министерот за надворешни работи.

Официјалниот почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија е клучен приоритет за ЕУ и првите меѓувладини конференции со двете земји треба да се организираат што е можно поскоро по усвојувањето на преговарачките рамки од страна на Советот.