Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Волонтерите на „Сите заедно можеме“ и пратеникот Костадинов помагаат во пунктот за вакцинација во Струмица

Волонтерите на здружението „Сите заедно можеме“ и пратеникот Коста Костадинов веќе втор ден помагаат во пунктот за вакцинација во Струмица.

„Почитувани денес волонтерите на здружението на “СИТЕ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ” и пратеникот Коста Костадинов во соработка со Општина Струмица веќе втор ден спроведуваат активности и волонтираат во пунктот за вакцинација во Струмица, со тоа што делиме вода и средства за вакцинација, притоа помагаме и во воспоставување на редот за чекање за влез во салата за вакцинација. Исто така подготуваме и проширување на активностите и во другите градови на државата каде што веќе имаме млади кои сакаат да се придружат и пристапат во оваа хуманитарна акција на нашето здружение, нема да застанаме ќе продолжиме и понатаму со нашите активности се со цел да помогнеме на нашите сограѓани“, соопштија од здружението „Сите заедно можеме“.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО МЕТАЛЕН ПРЕДМЕТ ВО МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ – 55-годишник пријавил насилство во Карпош

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Оштетен автомобил со српски регистарски таблички

ДЕСК

АПСЕЊЕ ВО ШТИП – Полицијата запрела „сеат“, во возилото пронашла марихуана

ДЕСК