Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Објавен јавен оглас за прием на 100 професионални војници – ова се условите

Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 100 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување на кандидати е 15 дена, вклучувајки го и денот на објава.

Условите за пријавување се следни:

– да бидат државјани на Република Северна Македонија;

– да имаат завршено средно образование;

– да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и

– да се здравствено и физички способни.

Идните професионални војници ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 8.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.

Кандидатите за професионални војници пријавата може да ја поднесат на неколку начини:

– по електронски пат заедно со потребните документи на javenoglaspfv@mod.gov.mk;

– до Одделението за одбрана во местото на живеење, со приложување на потребните документи.

При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите за прием.

Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК

ОСУМ МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ВОЗИЛО – Приведен 40-годишен албански државјанин

ДЕСК