Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме ќе ја зафати Македонија – пороен дожд, засилен ветер, грмежи, а некаде и снег

Под влијание на циклонска активност во јужните делови од Балканскиот Полуостров до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа). На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено денес и во понеделник.

Прогноза за 19.04.2021
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини со повремен снег. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во источните делови од земјава.

Прогноза за 20.04.2021
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 19°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 21.04.2021
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 21°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Вечерва Македонија избра луѓе што веруваат во работа, оваа убедлива победа не е крајот, затоа ветуваме дека ќе работиме уште повеќе

ДЕСК

Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

ДЕСК

Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

ДЕСК