Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Докторите ѝ се поклонија на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

На Клиниката за кардиохирургија ноќеска беше извршена втората трансплантација на срце во Македонија. Станува збор за 27-годишно момче кое доби срце од почината млада девојка.

Министерот за здравство, Венко Филипче, објави фотографија, која ја нарече историска, а на која докторите ѝ се поклонуваат на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи.

„Историска фотографија, докторите ѝ се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи. Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејството. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост“, напиша Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ се пофали: Oстваривме историски резултат, по 20 години победа во прв круг во бастионот на СДС, Струмица и во 33 општини

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ триумфираше со 301.799 гласови – само 16.48% од целокупното население со право на глас одлучи за иднината на 1.8 милиони луѓе

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ: Го удрил со дрвена ногарка по главата и го оставил во крв својот брат, дури другиот ден повикал брза помош

ДЕСК