Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Извршена втора трансплантација на срце во Македонија кај 27-годишно момче

Ноќеска во Македонија беше извршена втората трансплантација на срце на Клиниката за кардиохирургија. Станува збор за 27-годишно момче кое доби срце од починат донор.

„Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше“, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на „Фејсбук“.

Тој додава дека ова е огромен успех на македонското здравство, кој немало да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загубила животот.


Претходно, Филипче објави фотографија од дел од докторите вклучени во операцијата со опис дека подготовките почнале од полноќ.

Првата успешна трансплантација на срце од донор беше извршена во мај минатата година.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК