Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се олабавуваат рестриктивните мерки – Филипче најави продолжување на работното време на кафичите

Единствено нешто што ќе се случи во однос на рестриктивните мерки е тоа што сигурно на 21 јануари, односно следната недела, кафулињата, рестораните и останатите угостителски објеќти ќе работа до 21 часотр, истакна Министерот за здравство Венко Филипче по неговата посета на Институтот за судска медицина.

Вели дека во моментов во земјава имаме стабилна епидемиолошка слика, и како што рече, се намалува бројот на хоспитализираните пациенти, во моментов нема пациенти на болничко лекување во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести. Ваквата состојба според него овозможува угостителските објекти да може да имаат продолжено работно време од три часа, односно да работат до 21 часот.

-Од 21 јануари сигурно е дека угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Тоа е единствената мерка која ќе биде олабавена. Во меѓувреме ќе ја следиме состојбата и согласно тоа можеме да го разгледаме и нивното барање да работат до 23 часот. Но, се останато останува исто. На сила остануваат сите остѕанати мерки, истакна министерот Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ЦИВИЛ: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА – Синоптичарите со четиридневна прогноза

ДЕСК

Таблетарната онколошка терапија од 4 август ќе може да се подигнува директно во аптеките

C +