22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Владата излезе со нови кадровски промени: Смени на директор и членови на одбори

Владата донесе серија одлуки за кадровски решенија согласно предлогот на владината комисија за кадровски прашања:

– Марко Ѓоргиевски е отповикан од должноста независен и неизвршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост.

– На местото на д-р Драги Рашковски, во Совет за реформа на јавната администрација се именува Мухамед Зеќири, генерален секретар на Владата на Северна Македонија.

– Владата се информираше за оставката на Дарио Николовски од должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје“ во Скопје и заклучи да му препорача на Управниот одбор на Државниот студентски дом „Скопје“ во Скопје, за вршител на должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје“ на Скопје, да го именува Виктор Велевски.

– Владата ја прифати информацијата на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за именување на Марко Ѓоргиевски за в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за време до изборот на директор, а најдолго за шест месеци.

– д-р Дарко Данев, е разрешен од должноста член на Совет на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија – Скопје како претставник од универзитетите на негово барање.

– Зоран Стојановски е разрешен од должноста директор на Воспитно Поправен Дом Тетово, на негово барање.

– Даниел Антовски е именувана за вршител на должност директор на Воспитно Поправен Дом Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите, транспарентноста е важен предуслов за развој и добро владеење

M T

Владата ќе ја одржи 79-та седница

M T

Премиерот Ковачевски ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност

M T

СДСМ: Во пресрет на зимата Владата обезбеди храна и електрична енергија за подобри услови

M T