Српскиот пејач Џеј Рамадановски, кој е по потекло од Ресен, Македонија почина на 56 годишна возраст.
Локалните мердиуми јавуваат дека во неговиот дом пристигнала екипа на Итна помош во обид да го реанимира пејачот, но не успеале во борбата за неговиот живот.
Здравјето на пејачот веќе неколку години било влошено, а во последното интерју истакнал дека никаде не се движи бидејќи Ковид-19 за него би бил погубен.