22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Забрчанец: Секогаш ќе реагираме кон ВМРО-ДПМНЕ и кон секоја партија ако дезинформираат на штета на јавното здравје.

„Владата секогаш ќе реагира и кон ВМРО-ДПМНЕ и кон секоја партија ако е во прашање дезинформација која му штети на јавното здравје. Ако вие излезете и во име на политичка партија или компанија или друг чинител објавите информација дека во земјава има уште 100 тестови за Ковид а притоа секојдневно се тестираат по 300, а сега веќе и по 1 000 и над 1 000, Владата е нужно да излезе и да се спротивстави на таквите дезинформации во интерес на спречување на ширење паника кај населението.“- изјави Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, во емисијата „25 минути“ на телевизија 24, алудирајќи на изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дадена на почетокот на пандемијата, со која ги испаничи и ги исплаши граѓаните дека јавното здравство нема тестови за корона, што се покажа како целосно неточна информација.

Според Забрчанец многу е важна брзината на реагирање, но и брзата проверка на фактите и на точноста на некоја информација. Владата е сериозна институција која не смее да помисли да дезинформира, но од друга страна постојано е во борба со сузбивање на лажните вести кои и штетат на демократијата, а во случајов на јавното здравје.

„Тој кризен протокол на комуницирање ни наложува и не стави во функција, од една страна да имаме активна транспарентност, ние секогаш брзо информираме, а од друга страна секогаш кога ќе ни алармира појава на информација која што или е експлицитно лажна или не сме сигурни дали е точна, веднаш влегуваме во проверка и брзо ја демантираме оневозможувајќи истата понатаму да добие поширока пенетрација низ јавниот дискурс.“- дополни Забрчанец, наведувајќи дека дезинформирањето е глобален проблем кој ќе се провлекува и во иднина.

„Затоа е потребна сеопфатна акција, односно учество на сите чинители против овој феномен којшто му штети на светот, особено во услови на пандемија, навистина е многу поштетно да ширите дезинформации коишто влијаат врз јавното здравје споредено со тоа целта да ви биде некому да нанесете политичка штета.“- заклучи Забрчанец во интервјуто за емисијата „25 минути“.