16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Левото, десното и замрзнатото крило во паника – Европа го прогласи Мицкоски за дезинформатор и ја разоткри руската пропаганда за дестабилизација на Македонија

Паника во левото и десното крило, паника и во „замрзнатото“ крило на Организацијата, откако стигна аберот од Европа дека Мицкоски е дезинформатор со тапија, а дека Македонија е под силен удар удар на руската пропаганда.

Во очаен обид да се оттргне вината и ишка мувата од капата, овие пропагандни структури прибегнуваат по најпроѕирни трикови, обидувајќи се фројдовски нивната врска со руската пропаганда да му ја припишат на друг.

Жртва на таков обид деновиве е и пратеникот на СДСМ Коста Костадинов, чии што постови наводно се лајкувани и споделувани од руски ботови. Дека се работи за намерна акција за дискредитација на Костадинов, доволно е да се анализираат сите негови постари постови, каде што оваа „поддршка“ отсуствува. Ботовите се нова појава на објавите на Костадинов, а се појавуваат одеднаш и масовно последниве неколку дена, кога се актуелни наодите од извештајот на ЕУ. Тоа што е интересно е дека „некој“ веднаш направил скриншотови и вест за тоа.

Обвинувањата дека Костадинов се служи со руски ботови се појавија одеднаш и оркестрирано на повеќе портали, страници и профили на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Но, уште поинтересно е тоа што, освен кај пропагандните структури на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски како и Левица на Апасиев, овие содржини за дискредитација на Костадинов се појавија и на профили блиски до „замрзнатото“ крило на Организацијата.

Обвинувања дека Костадинов користи руски ботови и цела тирада на дискредитација може да се види и на профилот на Софија Куноска, некогашен висок функционер на СДСМ.

Што е она што ги поврзува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Левица и Апасиев, и „замрзнатото“ крило и Куновска? Како се најдоа одеднаш овие објави и тези за Костадинов кај сите овие три стрѕуктури, кои се наводни меѓусебни противници? Одговорот е толку очигледен и лесен, што не треба воопшто и да се констатира.

Инаку, според овој извештај на ЕУ, пропагандните машинерии поврзани со руската пропаганда шират разни лажни вести и дезинформации, меѓу кои најмногу доминираат оние со кои се доведува во прашање македонскиот идентитет, меѓуетничките односи и други жешки теми со кои се поткопува стабилноста и безбедноста во земјата. А левото, десното и „замрзнатото“ крило на Организацијата, се очигледно штрафови за остварување на оваа цел на руската пропагандна машинерија.

Д. Е.

Извор Frontline.mk