23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Од финансиското друштво во Скопје украдени над 300.000 денари со закана со пластичен пиштол

Скопското Обвинителство спроведува истрага против две лица поради грабежот врз филијалата на финансиско друштво што се случи во петокот,

Според информациите на Обвинителството, едниот осомничен, на возраст од 31 година, чувал стража пред вратата на објектот. За тоа време, другиот осомничен, 63-годишен скопјанец, влегол внатре, на вработените им се заканил со пластичен пиштол, па од сефот и фиоките на финансиското друштво одзел 303.606 денари.

Двајцата осомничени потоа избегале во правец кон Камениот мост, но овластени службени лица ги пресретнале и ги лишиле од слобода, а парите им ги одзеле.

За двајцата осомничени надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците/оштетените или да го повторат делото.​