Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жител на Челопек пукал со автоматска пушка по расправија со соседот

Во попладневнитге часови иа 29 ноември во тетовското село Челопек полицијата го уапсила 24-годишниот М.М. бидејќи при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени автоматска пушка со калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихуана.

Претходно, 24-годишникот по меѓусебна расправија со неговиот сосед Н.Р.(47), со автоматска пушка испукал еден куршум во воздух.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што на местото била пронајдена една чаура калибар 7,62 мм.

Тој бил приведен и задржан во полициската станица во Тетово.

По целосното документирање на случајот, на М.М. ќе му биде изготвен соодветен поднесок, со кој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК