Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(Видео) Пандов: Заев ја претвори Македонија во тезга – продава идентитет, јазик и историја

„Предавничката политика на Зоран Заев и на Никола Димитров донесе до тоа да имаме денеска тезга во Македонија. Цела Македонија е направена тезга на која што македонската историја, македонскиот јазик, македонскиот идентитет чинат по едно евро“, изјави Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од тука го повикуваме македонскиот народ и сте останати македонски граѓани да бидат будни затоа што во наредните денови очекуваме дека Зоран Заев е подготвен да потпишува како неговиот министер сега за надворешни работи Османи, го нарекува некој патоказ.Тоа ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа и од тука ги повикуваме македонските граѓани да бидеме сплотени и обединети. Само на тој начин можеме да се спротивставиме на оваа штетна и зла политика која што за жал се плашиме дека може да не доведе да го изгубиме не само македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот идентитет туку да ја изгубиме македонската историја. Од тука повикуваме оставка на Заев и слобода на народот“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Доста глумите опозиција – Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

ДЕСК

Скопје како Бејрут: Скопјанец среде Карпош претепан од повеќемина, а потоа му го демолирале и возилото

ДЕСК

Пронајден починат маж од Неготино – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК