Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: СДСМ постојано се менува, со Дигиталниот Конрес покажавме одговорност и нова енергија за демократизација

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во гостувањето на дневникот на Сител ТВ, кажа дека измените во Статутот на СДСМ , меѓу кои е и изборот на претседател на партијата на директни избори, е чекор напред кон модернизирање и демократизирање на самата партија, но и на државата.

“Тоа ќе биде еден одличен пример, согласно сите норми на Статутот е воведена нова целосна група или глава во самиот статут која се однесува на непосредните избори, тие ќе се органзиираат преку активна регистрација на целокупното членство кое го имаме, овој период ќе го искористиме да навистина покрај другото имаме целосна реевиденција на членството на партијата”, рече Николовски.

Николовски додаде дека со одржувањето на дигиталниот Конгрес, како на седницата на Централниот Одбор претходно, СДСМ покажа дека во континуитет се грижи за јавното здравје, за здравјето на граѓаните како и за членството на партијата.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК