Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ВЕЧЕРВА ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, ВЕТЕР И ГРМЕЖИ: УХМР со вонредни најави за времето

Под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 15л/м2) и ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер (над 60км/ч.), а дневната температура утре ќе опадне за неколку степени.

Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.

Во Скопје, кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во текот на ноќта и утре ќе дува засилен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

ДЕСК

Новиот Кривичен законик и новиот Закон за кривичната постапка објавени на ЕНЕР

ДЕСК

Стојаноски: Буџетот за 2027 година носи повисоки плати и пензии, нови инвестиции, подобар животен стандард и посилна економија

ДЕСК