„СДСМ постојано се менува и тоа го покажавме со дигиталниот конгрес на партијата, дека навистина се грижиме за здравјето на луѓето. СДСМ се модернизира подолг временски период и благодарни сме на сите кои помогнаа да се одржи конгресот. Имавме поголем број точки на дневен ред, пред се крупните промени во начинот на избор на претседател на партијата. Ова е чекор напред кон модернизирање и демократизирање на партијата, но и на самата држава. Воведовме цела глава во статусот која се однесува на изборот на претседател. Ќе се обидиме да имаме целосно ревидираење на членството и некаде во април очекувам дека ќе го избереме првиот претседател на непосредни избори. Има некои услови кои мора да се исполнат за да се кандидирате, но тоа се услови кои ги исполнуваат многумина кои се дел од партијата.“- зборуваше генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на вестите на Сител.
Тој потсети дека СДСМ има искуство со ваквиот начин на избори и ги спомена случаите во Охрид и Крушево.
„Имаме искуство со непосредни избори за избор на кандидати за локалните избори. Во Охрид и Крушево веќе го имаме испробано овој модел. За Штип сега имаме коминирана постапка, меѓутоа за следните локални избори, следната година, ќе го следиме овој тренд, и ќе продолжиме со успешните пракси. Прво ќе избереме претседател, а потоа во иднина ќе избираме и кандидати за избори. Тоа е целта на демократијата.“- дополни Николовски.