23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Четвртиот пакет мерки обезбедува ефикасна и навремена поддршка за компаниите

Четвртиот пакет мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедува ефикасна и навремена поддршка за компаниите – 10 милиони евра државна кредитна гаранција, соопштија од партијата.

„Владата предводена од СДСМ, со четвртиот пакет економски мерки за помош и поддршка на погодените со пандемијата на коронавирусот, обезбедува 470 милиони евра за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка и за конкретна помош за стопанството. Силна поддршка е предвидена за стопанството, преку намалување на трошоците, финансиска поддршка и пристап до поволни кредити. Во таа насока е и Државната кредитна гаранција. Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра, пари за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик“, велат од партијата.

Со државната гаранција од 10 милиони евра, додаваат од СДСМ, на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

„За поголем извоз и полесен пристап до суровини, во рамките на четвриот пакет антикризни мерки се реазлизира и Државна царинска гаранција. Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг се поддржува извозот и увозот и истовремено, се олеснува пристапот до суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра. За дополнителна поддршка на компаниите, овој пакет вклучува и одложување на отплата на кредити за компании до крајот на годината, како и намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% кое ќе важи до крајот на годината. Владата предводена од СДСМ продолжува со силна, ефикасна и навремена поддршка за секој поединец, за секоја компанија погодени од негативните економски последици од коронавирусот“, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T