Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Четвртиот пакет на мерки е задоцнет

Четвртиот пакет на мерки со кои се фали СДСМ не обезбедуваат никаква поддршка за компаниите. Тие пари завршуваат директно во џебот на Зоран Заев и мафијата на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека пакетот на мерки не дадоа никаков резултат потврдува и бројот на лица каде над 40.000 лица од почетокот на пандемијата до сега останаа без своите работни места и без приходи. Според Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата со КОВИД-19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затварање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат. Поради неспособноста на Република Македонија има историски најголем пад на БПД од 12.7%“, велат од партијата.

И во проекцијата на ЕБРД, велат од ВМРО-ДПМНЕ, јасно е наведено Македонија има корекција на БДП за годинава најголем , а тоа е 1.5% надолу од тоа што првично ЕБРД го проектирала.

„1% има пад кај Црна Гора, 5 % кај Босна и кај сите останати земји имаат иста проекција за следната година ЕБРД ја намалува нашата проекција за 2.5% што јасно кажува дека мерките се навистина задоцнети. СДСМ и Заев и не се решение на проблемите. Тие не се борат против криминалот, тие го прават криминалот во државата“, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК