Апелирам да бидат солидарни родителите што ги запишале децата во градника, а не ги носат, да отстапат место на оние на кои им е потребно, на децата кои нема кој да ги чува повика министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, во емисијата Топ тема на Телма телевизија.
Шахпаска додаде министерството за труд и социјална политика на дневно ниво ги контакитра сите 319 објекти за згрижување деца од претшколска возраст, секој ден ја анализираме состојбата и врз основа на податоците не сите запишани деца посетуваат градинка.
На пример во градинката Росица во Ѓопрче Петров се запишани 79, а 39 биле денеска во градинка, во Пролет од запишани 48, присутни биле 15, а во Буба Мара во Аеродром од 96 запишани, денеска биле во градинка само 15, рече Шахпаска, додавајќи дека ова се податоци од посетата на испекторите на министерството на терен.
Шахпаска нагласи дека ова не е нормално време и повика на општествена одговорност и човечка солидарност, сите заедно да дадеме придонес да излеземе од кризата.
Таа истакна дека секогаш имало листи на чекање во градинките, додавајќи дека во изминатиот период се отворени 43 градинки.
Нашиот таргет е до 2024 година да отвориме нови 7500 места за згрижување на децата од претшколска возраст, порача министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, во емисијата Топ тема на Телма телевизија.