22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто

Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто, велат од СДСМ преку соопштение, повикувајќи се на податоците на Државниот завод за статистика.

Од владејачката партија коментираат дека до тоа довеле политиките кои се во интерес на граѓаните и на стопанството, како и ефикасните и навремени антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ, при што и во време на пандемија дошло до раст на просечната плата во Северна Македонија.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 27.867 денари. Просечната плата во државата, и во услови на кризата предизвикана со пандемијата со коронавирусот е за 8,5 отсто повисока во однос на јули 2019 година. Од јуни 2017 година, кога на чело на Владата застана СДСМ просечната плата во државата порасна за 4.423 денари“, велат од СДСМ.

Додаваат дека нивните заложби за иновативна и конкурентна економија го поттикнале трендот на раст на платите.

Партијата најави дека во четиригодишниот мандат минималната плата ќе дистигне 20.000 денари, а просечната 34.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T