Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драма во Струмица: Украдено тело на починат од инфективно во Струмица

Утрово група струмичани украле тело на мртов човек од инфективната клиника во болницата во Струмица.

Според информациите пациентот кој бил во амбулантата во Струмица во тешка состојба, починал, по што група од дваесетина граѓани го украле починатиот со креветот.

Телото според информациите било префрлено преку ограда и ставено во комбе, по што им се губи трагата.

Лицата не дозволиле да биде потпишана посмртницата и не ги пополнале документите.

За ова веќе е известена полицијата.

Засега нема информации дали починатиот имал ковид 19, бидејќи не му бил направен тест.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК