23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Губитникот Мицкоски три години работеше против ЕУ и против НАТО, се уште брани криминал, идеалите на Делчев за него се непозната категорија

Соопштение на СДСМ:

Три години губтиникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа едниствените кои навиваа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори, единствените кои блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ.

Колку Мицкоски навистина е за ЕУ и НАТО говори фактот што најпозитивниот Извештај на Европската комисија го прогласи за лажни вести и што не смогна сили ниту да честита ниту да аплаудира во Собранието на денот кога станавме 30 земја членка на НАТО.

Единствен идеал на Мицкоски е одбрана на криминал и тој е против правдата која што доаѓа.

Бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за идеалите на великанот Гоце Делчев.

Борбата за социјална правда, солидарноста, меѓусебното разбирање и помагање се непознати категории за Мицкоски кој знае само да брани криминал и да се однесува деструктивно.

Залудна е глумата на Мицкоски, граѓаните знаат дека тој е антизападен и антинароден политичар кој сака да ја врати државата назад во изолација и режим. Затоа граѓаните го казнија на три изборни циклуси и затоа тој и неговото нереформирано ВМРО-ДПМНЕ остануваат во опозиција.