23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев најави ред, правда и дисциплина: Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон!

Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Новата Влада влегува во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа. Таа ќе биде најважната приказна, рече Зоран Заев премиер на Македонија.

– Законите се донесени, сега е време за нивно брзо и доследно спроведување.

Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон.

А, ние како Влада ќе бидеме партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и граѓанското општество, медиумите и групите од интерес, кои сакаат да придонесат кон градење на систем на правдата кој ќе им служи на сите граѓани, рече Заев.