Утре на 7-ми септември, Регулаторната комиисија за енергетика треба да ги утврди новите цени на горивата во Македонија.
Според последната промена пред точно една недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се сменија минатиот понеделник.
Какви ќе бидат новите цени, останува да видиме.