Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мистериозна смрт во Македонија: Пронајдена почината 36 годишна жена

Жител на кратовското село Филиповци пронашол тело на жена во атарот на селото додека ја напасувал стоката, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата случајот бил пријавен во Полициската станица од општа надлежност Кратово на трети септември околу тринаесет часот и четириесет минути.

На трети септември, 54 – годишниот К.Д. од село Филиповци, Кратовско, во ПС од ОН Кратово, пријавил дека неговиот соселанец М.Д. истиот ден на место викано „Змијарник“ во атарот на селото Филиповци при напасување на стока ја пронашол мртва 36-годишната М.Г. од истото село.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на Институт за Судска медицина за вршење на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК