7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: На ДУИ и пречеше транспарентноста на владата и затоа ќе оди во опозиција

„Денес се можете да кажете за владата, денеска има деморкатија, денес сме сите еднакви, но ние ќе продолжиме да  градиме уште потранспарентна влада за народот и за поголеми права на сите граѓани, но и за подобра иднина. Има политички партии на кои не им се допаѓа таквата отчетност и транспарентност, една од тие партии е и ДУИ и затоа ќе оди во опозиција. Ние немаме време да ги чекаме, мораме целосно да бидеме отчетни, ќе има контрола на сите трошења, институциите ќе бидат отворени и ќе се знае секој денар за што ќе се потроши“- уверуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев од предизборната трибина на коалицијата „Можеме“ во Шуто Оризари.
  
Заев потсети на големите одлуки на неговата влада со кои се отвора патот за економски реформи и поквалитетен живот.
 
„Додека тие сакаа власт ние се боревме за народот. Носевме одлуки затоа што само по европскиот пат можеме да донесеме пари кај народот. За две и пол години успеваме да станеме членка на НАТО и започнуваме преговори со ЕУ. Нема да отстапиме од тој пат ниту ќе дозволиме некој да ни го смени правецот. Ние сме најголема коалиција, со сите етнички заедници, и овој пат ќе победиме низ целата држава.“- рече Заев во пораката дека сите обединети мора да покажеме сплотеност и заедништво кон остварување на стратешките цели за државата. 

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК