22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Релевантните анкети покажуваат убедлива предност за СДСМ, ВМРО ДПМНЕ се обидува да компензира со сомнителни анкети

Во последниот период, како што се наближува рокот во кој можат да се објавуваат анкети, политичките партии се повеќе објавуваат анкети од непроверени извори. Во ова води ВМРО ДПМНЕ, кој често објавува анкети без реална поткрепа, од неверодостоен извор, и без запазување на законските елементи: нарачател, извршител, методологија, и маргина на грешка.

Вакви беа маркетвижн, МкЛафлин, сега БИПС. Без исклучок, ги нема потребните елементи, не може да се провери веродостојноста на анкетите, и се објавуваат парцијално. Оваа пракса ВМРО ДПМНЕ ја има од претходно, со институтот Павел Шатев, Димитрија Чуповски, и слично.

Ова е обид за влијание на гласачите, поттикнат од фактот што сите релевантни анкети (ИФЕС, НДИ, Галуп и други) покажуваат значајно водство на СДСМ. ВМРО ДПМНЕ сметаат на тоа дека гласачите нема да ја забележат разликата помеѓу лажни и вистински анкети. Но, сепак овие познати организации се присутни повеќе години, и нивните резултати граѓаните ги препознаваат како најточни.

На пример, Gallup е една од најголемите светски агенции, а ВМРО ДПМНЕ не ги прифаќа резултатите, објавувајќи наместо тоа, анкета од некоја БИПС која никој не ја познава.

Така, според последните анкети на овие реномирани агенции, ако се направи анализа на резултатите, распоредот на пратеници би бил следен

СДСМ и БЕСА – 55
ВМРО ДПМНЕ – 46
ДУИ – 10
Алијанса – 8
Еден пратеник од помалите партии

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T