23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каква е одговорноста на Мицкоски за снимките и за загрозување на здравјето

Постои одговорност и кај Христијан Мицкоски за непочитување на мерките против корона вирусот со тоа што неколку часа седел во придружба на други гости во затворениот дел на кафаната. Дали и кога тој ќе биде повикан на одоворност? За сега само сопственикот на кафаната се споменува како единствено пријавен, но тоа е неговата лична одговорност што дозволил „посебните“ гости да седат во забранет простор. Личната пак одговорност на Мицкоски секако дека постои, сигурно тој или некој од неговите инсистирал да седнат внатре, најверојатно да не бидат на очиглед на други гости и на минувачите. Со тоа Мицкоски и неговите пријатели се потенцијалната опасност за ширење на вирусот.

Дополнително, кој ќе одговара за снимките од камерите во локалот. Првично, од кафаната кажале дека ги нема уредите за снимање, но кога бил обезбеден судски налог, наеднаш снимките се појавиле. Кој и зошто сакал снимките да останат непрегледани и кој кого штител во ситуацијата? На овие прашања ќе мора да одговорат надлежните институции доколку навистина сакаат да има објективна завршница целиот случај.

Дали Мицкоски, со оглед дека е влијателен гостин во таа кафана, ако се суди по тоа дека нему му било дозволено да седи во забранет дел, можел да ја искористи позицијата и да им укаже во персоналот на угостителскиот објект да ги сокријат снимките, односно да тврдат дека ги нема? Каква е неговата одговорност во врска со видео материјалите кои во ситуацијава се материјален доказ. Обидот да се сокријат снимките е кривично дело кое повлекува казна, исто како што е кривично дело загрозувањето на здравјето на луѓето, а токму тоа го правел Мицкоски седејќи неколку часа во затворениот дел на кафаната.

Во кривичниот законик е наведено дека – „Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Во вториот став од истиот член стои дека ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.