Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Туск му рекол дека не сака избори на 5-ти јули

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека имал телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Разговаравме за здравствената и политичка состојба на државата и регионот. Во пријателскиот разговор ја споделив мојата огрoмна загриженост од експлозијата на корона-пандемијата и огромната прогресија на вирусот кој директно го загрозува здравјето на нашите граѓани. Ја истакнав мојата оценка дека Владата и Комисијата за заразни болести, која работи под политички диктат во овие сложени услови, нема никаква стратегија и план за излез од кризата, што нè доведува во ситуација да се преземаат ад хок мерки без оддржлив ефект.

Во разговорот постигнавме заемна согласност дека најпрво е потребно Владата и останатите одговорни субјекти заеднички да ја победиме короната, па дури потоа да се спроведат кредибилни и слободни избори кои ќе ја одразат волјата на граѓаните, бидејќи сè друго дополнително би ја акцелерирало заразата со нови жртви и истото би било неодговорно спрема граѓаните.

Разговаравме и за нашата соработка во рамките на Европската народна партија како најголема политичка сила во рамките на Европската Унија при што ја истакнав важноста за напредок на европските аспирации на Република Македонија. Се договоривме да ја продолжиме заемната комуникација и да се следи состојбата во наредниот период со економската и здравствената криза“, додаде Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК