Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Венко Филипче предмалку: Не е точна информацијата која излезе во дел од медиумите дека нема епидемиолог во дебарската болница

Не е точна информацијата која излезе во дел од медиумите дека нема епидемиолог во дебарската болница. Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје, кои дојдоа во поддршка на локалните здравствени работници, соопшти Венко Филипе, Министер за здравство.

– Во моментов нема дефицит на персонал во болницата. Министерството за здравство е во постојана комуникација со болницата во Дебар и доколку се појави недостаток на лекари или персонал – итно ќе биде испратен од околните болници или од клиниките во Скопје.

Апелираме да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции. Министерството за здравство е на располагање за одговор на секое прашање во кое било време, рече Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски по дебатата со Мециновиќ: Скопјани сакаат дела и резултати

C +

Мециновиќ по дебатата: Ова е генерациска борба на непривилегираните

C +

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

ДЕСК