Centar.mk
СВЕТ

Трамп прогласен за мировник во Јужна Кореја, оркестарот му ја свиреше омилената песна

Американскиот претседател Доналд Трамп беше пречекан во Јужна Кореја, каде што доби највисока државна награда – „Големиот ред Мугунгхве“, што му беше доделена како признание за неговата улога на „мировник“ на Корејскиот Полуостров, јави Хина, пренесе Индекс.

Трамп пристигна во Јужна Кореја на крајот од азиската турнеја, а беше пречекан со изведба на неговата омилена песна „YMCA“ од воениот оркестар.

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мијонг изрази надеж дека ќе постигне напредок во трговските преговори со САД и го пофали Трамп за неговиот пристап кон Северна Кореја.

Трамп изјави дека иако оваа недела нема да се сретне со Ким Џонг Ун, ќе продолжи да работи на смирување на тензиите меѓу двете Кореи.

„Многу добро го познавам Ким Џонг Ун… само не успеавме да најдеме вистински момент“, рече тој.

Тоа е првпат еден американски претседател да ја добие оваа награда, именувана по националниот цвет на Јужна Кореја – хибискусот Мугунгхва./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПОЧНА ИСТРАГА ЗА УВОЗОТ НА ПЕТ-ПЛАСТИКА – Можно воведување заштитни мерки

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО БЕЛАТА КУЌА – Трамп го именуваше Стивен Милер за нов шеф на кабинетот

ДЕСК

КАНАДА И АВСТРИЈА ЈА ЗАЈАКНУВААТ СОРАБОТКАТА – Безбедноста и економијата во фокусот на разговорите

ДЕСК