25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски: Наместо да се шират лажни вести, треба да ги следиме препораките

-За нас како најголема политичка структура која веќе 7-8 месеци сме во системска комуникација со граѓаните, буквално теренот, активностите, комуникацијата со граѓаните за нас е една перманентна активност. Со нови алатки, методи, стандарди на политичко делување и низа активности во изминатиот период, целосно сме подготвени, одговори генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашното госување во „Том тема“ на ТВ Телма.

Николовски рече дека не може партискиот интерес да биде над интересот на граѓаните.

-Граѓаните имаат апсолутно имаат висока доверба во системот, институциите, министерот. Наместо да шириме лажни вести, треба да ги следиме препораките. Апелирам на сериозност од сите политички субјекти. Ние сме тука да ги носиме одлуките согласно препораките, рече Николовски.