Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев на средба со граѓани на Кисела Вода: Аграрните политики на СДСМ го вратија достоинството на земјоделците

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска беше во посета на општина Кисела Вода каде се сретна од населбата Драчево. На средбата со граѓаните Заев се запозна изворно со проблемите на многубројните граѓани и разговараше за можните и ефикасни решенија кои се во интерес на граѓаните го засегаат нивното секојдневие.

Меѓудругото Заев се сретна и со пазарџиите на пазарот во Драчево со кои разговараше за економските политики на владата на СДСМ кои овозможуваат подобри услови за работа и можности на раст на нивните микро бизниси.

Претседателот Заев се осврна и на политиките во земјоделството спроведени од страна на Владата предводена од СДСМ.

– Во две и пол години мандат како Влада презедовме сериозни чекори кои го унапредуваат земјоделството и го враќаат достоинството на земјоделците. Низ партнерски однос со земјоделците успеавме да ги надминеме предизвиците околу откупот на земјоделските производи, откупот денес е навремен и целосен, а цените на производите растат. Тоа е важно не само за земјоделците туку и за пазарџиите кои преку оваа чесна и почитувана професија се активни учесници во нашата економија, посочи претседателот Заев.

Претседателот Заев ја посети и точката на која е започната реконструкцијата на патот кон локалитетот „Три круши“ во времето додека ја предводеше владата на СДСМ, а е реализирана со средства од инвестиции од општината и државата.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК