3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Александар Кирацовски до Илија Димовски: Една деценија на Груевски збор не му рековте за загадувањето, сега кога реално нешто се презема, баш од тоа најдовте политика да правите?

Една деценија на Груевски збор не му рековте за загадувањето, сега кога реално нешто се презема, баш од тоа најдовте политика да правите, му реплицираше Кирацовскиод СДСМ на Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ

Ви ја пренесуваме целосната реплика на пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски до пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски за време на денешната седница:

Колега, има една мисла гласи: Не слушам што зборуваш, затоа што погласно е тоа што си!

Вие, денес се наоѓате во ситуација гласно да зборувате, но никој не ве слуша.., не на оваа тема..,

а Зошто? – Затоа што погласен е вашиот МОЛК на темава додека бевте на власт, а тоа јасно кажува кои сте!

Навистина не ми е јасно: Зошто 11 години не знаевте да бекнете на оваа значајна тема, а денес сте заинтригирани како загадувањето да почна откако Груевски пребега во Унгарија.

Во неполни 3 години преземени се десеттици мерки и решенија, за разлика од вашата децениска власт која единствено можеше да се пофали со „Денот на дрвото“ кога сите се сликавте садејќи дрвца набавени под сомнителни услови!

Молчевте и аминувавте криминални тендери на врхушката на власт и се восхитувавте на Скопје 2014 на кој се потрошени повеќе од 684 милиони евра – пари со кои од Македонија ќе направевте земја како Бутан, државата која најмалку загадува.

Знаете ли колку автобуси ќе набавевте со 684 милиони евра фрлени во Вардар, од оние на гас какви што 33 набави Градот Скопје и Шилегов за да намали загадување? Затоа што загадуваат 700 пати помалку и штедат 25.000 евра годишно само за гориво??
2.257 автобуси на гас! Ќе ги подарите на градот Скопје и сите други општини, да заштедите стотици илјади евра за гориво и драстично да го намалите аерозагадувањето.

Но не, вие имавте попаметна работа – Да молчите

Со 684 милиони евра можевте да набавите 684 илјади инвертери како овие што ги набави Владата преку ЕСМ и да ги подарите на граѓаните кои немаат друг избор освен да се греат на дрво.

Но вие, се разбира, мудро молчевте.

Со 684 милиони евра можевте да го промените системот на греење на сите институции, јавни објекти, здравствени установи и школи, наместо на навта, мазут или дрва, да се греат на гас, нешто за кое ние уште на почеток од власта издвоивме 64 милиони денари.
Со средствата за барокните фасади, сите стари згради во Скопје можеше да ги направие енергетски ефикасни.

После 30 години во РЕК Битола распишан е тендер за нови филтри кои ќе чинат 20.4 милиони евра, а овај енергетски комбинат ќе добие А интегрирана дозвола, со парите кои ги фрливте во ветер РЕК њБитола, Осломеј и ТЕЦ Неготино ќе ги направевте гасни централи, нешто кое за вторите две ние сериозно се зафативме.

На 02 декември 2014 година до Собранието, од страна на НВО секторот, познавачите на овој сериозен проблем било испратено барање за одржување на јавна расправа… знаете ли кога се одржа таа јавна расправа – Никогаш… молк, Спречувавте да се зборува и ја криевте темата исто како што криевте до 2016 дека мрежата на мерни станици намерно е во катастрофална состојба.

И Затоа, почитувани колеги, бидејќи ова е многу важна тема, на неа не смее да се политизира, туку плодотворно да се полемизира и сите заедно да направиме се граѓаните да имаат здрави услови за живот, рече Кирацовски во репликата до Димовски.