Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИвест

Загадувањето во Скопје повторно на високо ниво

И покрај ведрото време загадувањето во Скопје останува на високо ниво. Според податоците од апликацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање, концентрацијата на ПМ10 честички во Скопје е над 100 мг/м3.

Највисоки вредности има во утринските часови кога температурите се ниски и започнува загревањето во домовите, додека во текот на денот мерните инструменти во Скопје покажуваат благ пад до 79 мг/м3, што е повеќе од дозволениот минимум од 50 мг/м3. Според експертите и студиите на кои тие се повикуваат, загадувањето најмногу се должи на начинот на кој се греат домаќинствата, потоа сообраќајот и на крајот индустријата.

Иако на почетокот на годината градот Скопје ја посочи УСЈЕ како главен причинител за загадувањето за што поднесе и кривична пријава, загадувањето е високо и во период кога производството е комплетно запрено. Имено, поради редовен годишен ремонт, повеќе од еден месец не работи едната печка, а втората е исклучена од пред два дена заради времени поправки.

Можеби ќе ве интересира

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

ДЕСК

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК