11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Кумановец починал по пожарот во неговата куќа

На 15.2.2023, во 16.55 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на улицата Сава Ковачевиќ настанал пожар во куќа, сопственост на Ј. М. (69) од Куманово.

Притоа тешки телесни повреди добил сопственикот, кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал.

Повреди добиле и неговите синови М. М. (33) и Р. М. (44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид бил извршен.

Спонзорирано: