Centar.mk
ВМРО ДПМНЕ: Студентите нема повеќе да чекаат на шалтерите на ЈСП за да извадат картичка за бесплатен превоз Се воведува дигитална студентска картичка, решение кое е подготвено преку соработка меѓу ЈСП, ФИНКИ и универзитетите, а со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП. Со воведувањето на дигиталната студентска превозна картичка, барањето на студентите се претвора во конкретно решение. На овој начин студентите добиваат поедноставен пристап, наместо повторно да носат хартиени потврди. Ова решение се подготвува преку соработка меѓу ЈСП и ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Мајка Тереза“. Студентскиот статус ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите. Така, нема да има потреба студентите да доставуваат хартиени потврди и лично да одат на шалтер за заверка како што беше до сега. Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus. Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истата адреса што ја користат на универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката, а QR-кодот од својот телефон ќе биде за валидација во автобусот. Оваа реформа е уште еден доказ дека модернизацијата на јавните услуги оди рака под рака со грижата за младите. УМС на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане отворена кон темите што ги засегаат студентите, ќе го следи спроведувањето на промената во пракса и ќе ги пренесува понатаму нивните предлози и забелешки до надлежните институции.

Category : МАКЕДОНИЈА

вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Совет на амбасадори: Компримисите понекогаш се болни отстапки, но „францускиот предлог“ ги цементира и гарантира македонскиот јазик и идентитет

ДЕСК
Оттаму велат дека неопходно е да се прифати европскиот компромис бидејќи тоа е важен чекор кој ќе ја приближи Северна Македонија кон членство кон ЕУ...
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

„Имаме верба“, вели мајката на исчезнатиот Мартин за грчки медиуми

ДЕСК
Веќе четврти ден продолжува потрагата на морското подрачје на Халкидики за пронаоѓање на 28-годишниот Мартин кој се води како исчезнат од саботата попладне , од...
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Никој апсолутно не смее и не може да преговара ниту за идентитетот, ниту за македонскиот јазик во оваа држава

ДЕСК
– Никој апсолутно не смее и не може да преговара ниту за идентитетот, ниту за македонскиот јазик во оваа држава. Ниту сегашна ниту било која...
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Централниот одбор на СДСМ донесе одлука со која го поддржа процесот за отпочнување преговори со ЕУ

ДЕСК
Соопштение на СДСМ: Водејќи се од државните и национални интереси, највисоките стратешки цели за членство во ЕУ како и интересите на сите граѓани, Централниот одбор...
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Герасимовски: Започна изградбата на новата градинка „Пролет“

ДЕСК
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, амбасадорите на пријателските земји и други гости, денес присуствуваа...
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски го руши македонскиот јазик, срамно тврди дека е кодификуван 1977 година

ДЕСК
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ: Почитувани граѓани, почитувани медиуми Христијан Мицкоски оди по странски телевизии и го руши македонскиот јазик, со срамни тврдења дека...
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Се’ уште се трага по третиот Македонец

ДЕСК
И денеска продолжува потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин, на првиот крак на Халкидики, во Посиди, откако вчера и завчера беа пронајдени неговите двајца пријатели...
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Канцеларот Шолц: Македонци, сакаме да сте членка на Европската Унија!

ДЕСК
Вашата земја повторно се соочува со носење на една многу важна одлука: Дали сакате да го прифатите европскиот компромис? Со тоа, 17 години по доделувањето...