7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски во ОН: Нема друга алтернатива за подобар живот од членство во ЕУ

Граѓаните на Северна Македонија предолго го чекаа овој момент, и јас разбирам зошто можеби се чувствуваат фрустрирано и уморно одејќи по тој долг пат кон Европа. Но, ние немаме друга алтернатива која ќе ни овозможи подобар животен стандард. Забрзана интеграција во ЕУ е од клучна важност, рече во обраќањето на 77-то Генерално собрание на ООН во Њујорк, САД, премиерот Димитар Ковачевски.

„Граѓаните на Северна Македонија предолго го чекаа овој момент, и јас разбирам зошто можеби се чувствуваат фрустрирано и уморно одејќи по тој долг пат кон Европа. Но, ние немаме друга алтернатива која ќе ни овозможи подобар животен стандард, а и никој не рече дека сето ова ќе биде лесно. Напротив, и покрај сите потешкотии, ЕУ е сѐ уште најдобрата опција за нашата иднина, за иднината на нашите деца. Ние, едноставно ја немаме ниту можноста, ниту привилегијата да се откажеме сега. Дотолку повеќе, сега е вистинското време да продолжиме со полна пареа, уште побрзо напред.“ рече Ковачевски.

Сакам да потенцирам дека членството на Република Северна Македонија во ЕУ е од суштинско значење и за самата Европска унија, посебно во новите околности на глобален план, кога овој знак на охрабрување – дека процесот на проширување е актуелен го очекува целиот регион, којшто колку и да има прогресивни раководства не е имун на глобалните предизвици. А и, во услови кога треба и мора да се осигура евроинтеграцискиот, демократски пат на државите од Западен Балкан, како придонес во европскиот мир, рече Ковачевски.

Спонзорирано: