Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Предавање на министерката Петровска на Школата за политики: Најголемата придобивка од членството во НАТО е сигурноста што граѓаните ја чуствуваат

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во Охрид одржа предавање на Школата за политики, дел од Претседателскиот центар за политичко образование, на тема „Актуелните безбедносни предизвици и перспективи од членството во НАТО во време на војна во Украина“, на кое се осврна на придобивките за Северна Македонија од членството во НАТО, како и хибридните и сајбер заканите, вклучувајќи ги и дезинформациите како безбедносна закана.

„Најголемата придобивка од членството на Северна Македонија во НАТО е сигурноста и безбедноста што нашите граѓани денеска ја чувствуваат, знаејќи дека се дел од едно големо семејство кое се грижи за заедничката, колективната безбедност. Секоја педа од нашата земја е под заштита на колективната одбрана и тоа носи сигурна и просперитетна иднина“, рече министерката и потенцираше дека тоа е резултат на храбри и тешки, но исправни одлуки.

Оваа година, истакна Петровска, ја покажа суровата реалност дека војната на европско тло не е минато и дека мирот не е загарантиран. Затоа, развојот на одбранбените капацитети е неопходност, а градењето на отпорност мора да биде наш приоритет во континуитет.

Министерката Петровска во предавањето се осврна и на хибридните и сајбер закани за кои рече дека се сè посериозна закана за сите развиени општества, а ги спомена и зголемениот број сајбер напади врз државните институции, невладините организации и централните банки.

Дезинформациите, порача министерката, имаат потенцијал да ја поткопаат општествената кохезија и да создадат поделби и ослабување на земјите однатре и затоа потребно е да работиме на развој и имплементација на политички и неполитички алатки со кои ќе се спротивставиме на овие штетни појави.

Во едночасовната дискусија со триесетината млади професионалци, активни учесници во општествениот и политичкиот живот во државата, министерката одговори на голем број прашања за регионалната безбедност, модернизацијата и опремувањето на Армијата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК