Македонија ја очекуваат неколку исклучително студени декемвриски утра. Според најновата прогноза на УХМР, по престанувањето на снежните врнежи следува стабилизирање на времето, но и значително намалување на температурите.
Во вторник, на 1 декември, минималните температури ќе се движат од минус 16 до 3 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од минус 4 до 4 степени.
Во текот на новата работна седмица утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а во одредени места и дневните температури ќе останат под нулата. По котлините ќе има услови за појава на магла.


