Македонија во наредните денови ја очекува постепено затоплување, со дневни температури значително повисоки од вообичаените за средината на ноември. Според новата прогноза на УХМР, во вторник максималната температура ќе достигне 20 степени, во среда 21, а во четврток се очекуваат и до 23 степени.
Затоплувањето ќе биде проследено со јужно воздушно струење и повремени врнежи од дожд. Од среда ветерот повремено ќе биде силен и ќе надминува 60 километри на час, особено во западните делови од земјата.
Во понеделник ќе биде променливо облачно, а попладне и кон крајот на денот се очекува дожд во повеќе региони. Температурите ќе се движат од 8 до 16 степени, додека во Скопје се очекуваат до 14 степени. Граѓаните треба да ги следат новите метеоролошки известувања поради можниот засилен ветер.


