Министерството за животна средина на 9 ноември објави дневен извештај за квалитетот на воздухот, кој ги опфаќа мерењата од 6, 7 и 8 ноември. Според податоците од автоматскиот мониторинг-систем, надминувања на дневната гранична вредност за ПМ10 честички се регистрирани на мерните места Лисиче, Кичево, Тетово, Кавадарци и Струмица.
На 8 ноември во Тетово биле измерени 59,53 микрограми на кубен метар, во Струмица 59,55, а во Кичево 52,61 микрограми. Дневната гранична вредност изнесува 50 микрограми на кубен метар. Во извештајот се наведува дека концентрациите на сулфур диоксид, азот диоксид, јаглерод моноксид и озон, според соодветните критериуми, биле во дозволените граници на мониторинг-станиците.


