Centar.mk
РЕГИОН

Сараево повторно е меѓу петте града со најзагаден воздух во светот

Главниот град на Босна и Херцеговина денес се најде меѓу петте градови со најголемо загадување на воздухот во светот, според податоците објавени на швајцарската веб-страница „AirQuality“, која собира и анализира информации од мерните станици во урбаните центри низ речиси сите земји.

На врвот на листата е Лахор, Пакистан, каде што квалитетот на воздухот падна во таканаречената „виолетова зона“ – што укажува на опасен воздух со индекс на загадување помал од 300. Во меѓувреме, Сараево беше означено во „црвената зона“ за нездрав воздух, со индекс од 167, што го става на второто место на листата.

Во Сараево, слабата циркулација на воздухот во текот на зимата е еден од факторите, но не е и единствената причина.

Главниот извор на загадување се ситните честички познати како PM2.5, кои можат длабоко да навлезат во респираторниот систем и да доведат до сериозни здравствени компликации.

Вчера, концентрацијата на овие честички во Сараево достигна 112 микрограми на кубен метар – ниво што се категоризира како „многу загаден“ воздух. Покрај фактот што градот се наоѓа во котлина каде што во зима има слабо струење на воздухот, за загадувањето во Сараево придонесуваат и големиот број стари автомобили на улиците, како и повеќе од 43.000 регистрирани ложишта на цврсто гориво, кои често се со слаб квалитет и при согорувањето испуштаат значителни количества штетни материи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ЗАПОЧНУВА СВЕТСКИОТ КЛИМАТСКИ САМИТ COP31 – Во Турција ќе се разговара за климата, финансиите и здравјето

ДЕСК

ЦРНА ГОРА ЗАТВОРИ УШТЕ ДВЕ ПРЕГОВАРАЧКИ ПОГЛАВЈА – Вкупно 23 се привремено затворени во процесот со ЕУ

ДЕСК

30 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ ВО БУГАРИЈА – Владата најави зголемување на платите во буџетот за 2027 година

ДЕСК