Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна вчера во повеќекатна зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.
Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди.
Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на податоци од надлежните органи. Детали сè уште не се познати.
Пожарот избувна вчера попладне по локално време во зграда во централниот дел на Тајуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат.
Причината за пожарот моментално е предмет на истрага./Извор:Makfax


